Browsing: избори

На 13 јули (понеделник), според Уредбата, ќе гласаат лицата во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а ден подоцна и немоќните и хронично болни лица.

Лидерот на СДСМ на прес-конференцијата во партиското седиште што се одржа попладнево додаде дека очекува и Мицкоски да излезе и јавно да потврди дека прифаќа избори на 15 јули, а се очекува од претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот

Изборите мора да бидат во согласност со Уставот и законите за да имаме легитимен и легален процес. Добро е да имаме консензус за учество во политичкиот процес. Разговаравме во партијата, за сите нас е важно да се оди на избори со сите политички структури и на тој начин да се добие легитимитет, истакна техничкиот премиер за време на денешното гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“

Организацијата и одржувањето на изборите во Северна Македонија влегува во нова фаза на политичка и правна кармакаша. Од ОБСЕ за ДВ велат дека не сакаат да ги коментираат политичките недоразбирања

ОДИХР објави конкурс со кој бара тим на експерти од различни области кои треба да ги следат предвремените парламентарни избори во земјава на 5 јули. Меѓународните набљудувачи се очекуваат по 19 јуни