Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лажни анкети и рејтинзи за лов на (не)партиски опортунисти

0
By Нова ТВ on July 8, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 8, 2020 20:32

Со денови се објавуваат анкети чија автентичност ја спори оној кој заостанува во нив, додека партиските лидери паралелно прогласуваат сигурна изборна победа. Последниот таков пример е денешната на извесен Институт БИПС, но претходно се спореше дури и истражување на Брима Галуп, иако се испостави дека такво навистина постоело.

Целта на овие анкети и „анкети“, но и на наративот кој го слушаме во изборната кампања не е само да внесе забуна кај граѓаните, туку и да се влијае врз гласачите кои чекаат до последен момент пред да одлучат кому ќе го дадат својот глас, се анализира во текстот на „Дојче Веле“.

Во последните недели, но и претходно, е забележливо инсистирањето на лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, дека токму тие се сигурни победници на изборите. Се лицитира со бројот на гласови, па и со разликата во корист на едните или другите.

Мицкоски и неговата партија со месеци наназад не пропуштаат во интервју, во говор или во партиско соопштение сеедно, да потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно победува на изборите. Заев и СДСМ, пак, одат и чекор натаму, па во јавните настапи веќе го сведуваат изборниот исход на прашање на разлика.

„Победа од 60.000 до 120.000 гласови разлика“, типува Заев.

Познавачите на состојбите велат дека ваквиот наратив е насочен кон сопствената партиска база, но и кон тн. опортунисти, односно гласачи кои до последен момент прават проценка кој ќе победи на изборите, па нему му ја даваат довербата.

„Мојата проценка е дека има меѓу 15.000 и 25.000 гласачи на секои избори кои гласаат за победникот“, вели поранешен висок државен и партиски функционер кој предводел повеќе кампањи. „Кога ќе почувствуваат кој победува гласаат за таа опција“, дополнува изворот кој инсистираше на анонимност.

Меѓу таквите „опортунисти“ тој ги вбројува бизнисмените и вработените во државната администрација, и проценува дека меѓу нив навистина има многу кои успешно го погодуваат победникот.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, бројката на гласачи врз кои се влијае со ваквите партиски наративи е всушност далеку поголема. Тој проценува дека во игра се и до 20 проценти од електоратот.

„Македонскиот електорат е крајно авторитарен. Се врзува за победник и за власт и очекувањето за тоа кој ќе победи влијае врз одлуката на денот на гласањето“, вели Арсовски.

Но, стратегијата на партиите не е насочена само кон оние кои во изборите гледаат некаква шанса.

„Таквата кампања влијае и врз членовите на сопствената партија. Доколку партиски членови очекуваат или се убедени во победа на својата партија, тие повеќе ќе работат за да дојде до неа. Така што сметам дека влијанието во тој дел е дури и поголемо врз партиската машинерија“, вели Арсовски.

Аналитичарите велат дека е тешко да се процени кој победува, а кој губи во оваа битка да се убедат гласачите во „сигурната“ победа на изборите, но сигурни се дека тие гласови можат да бидат решавачки на 15 јули. Особено ако се земе во предвид дека пандемијата на коронавирусот би можела да ја спушти излезноста на денот на гласањето.

„Во 2016 година изборите завршија со многу мала разлика, а перцепцијата за тоа кој ќе победи беше прилично изедначена, но малку во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Овојпат, СДСМ создаде перцепција дека победува, но ВМРО-ДПМНЕ се бори и се обидува да го смени впечатокот“, вели анонимниот експерт и додава дека таа борба се одвива и преку негирање на резултатите од анкетите, односно преку објавување на сопствени анкети чија релевантност е во најмала рака проблематична, но доволна за да создаде конфузија во јавноста.

анкети ВМРО-ДПМНЕ Електорат избори партии СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.