Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Јувентус
Тинејџерот кој во четврт-финалето на ланското издание на Лигата на шампиони ја елиминира токму „старата дама“ ќе добие договор на пет години, неговата плата по сезона ќе изнесува меѓу 15 и 20 милиони евра, а тимот од Амстердам, чиј капитен беше досега, ќе заработи 70 милиони евра од трансферот
Детали за прекинот на соработката се оставени за утре попладне (14 ч.) кога е најавена заедничка прес-конференција со претседателот Андреа Ањели
Римјаните во дербито на 36. коло во Серија А го совладаа Јувентус со 2:0 (полувреме 0:0) и останаа на шестото место со 62 бода колку и петтопласираниот Милан. Пред нив е Интер со бод повеќе, но и меч помалку (утревечер од 21 ч. ќе игра со Киево), а трета е Аталанта со 65
„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0
Јувентус го доживеа само вториот пораз во сезоната и ќе мора да почека на наредна прилика за потврда на новото…
Манчестер јунајтед повторно ќе патува со негатива на реванш во нокаут фазата во Лигата на шампиони. По ПСЖ во осминафиналето,…
Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова
Португалецот ги постигна сите три гола во триумфот над Атлетико Мадрид во 27. минута, во 48. минута и во 86. минута од пенал за осми трострел во кариерата во Лигата на шампиони. „Граѓаните“ немилосрдни против бундеслигашот на „Етихад“ над кого славеа со 7:0
Фиорентина ги понижи римјаните со 7:1 во четврт-финалето, Аталанта во Бергамо славеше над „старата дама“ со 3:0
Според Карло Фрекеро, раководството на „старата дама“ манипулира и со ВАР системот и прес-конференцијата ја заврши со пораката „Форца Рома“
Ѕвездата на Јувентус ги потпиша двата во триумфот над Сампдорија со 2:1 во последното есенско коло и стигна до бројката од 14 гола во калчолигата, односно, 15 во сите натпреварувања во кои се активни „бјанконерите“
Валенсија ги порази „црвените ѓаволи“ со 2:1, резултат со кој и Јанг Бојс го доби дуелот со „старата дама“. Последниот билет за осминафинале во фудбалската ЛШ го резервира тимот на Олимпик Лион кој одигра 1:1 во Киев против Шахтјор Доњецк