Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Хет-трик на Роналдо за четврт-финале на Јувентус, Сити го понижи Шалке (Видео)

0
By Нова ТВ on March 13, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 13, 2019 00:14

Кристијано Роналдо најави спектакуларна вечер за навивачите на Јувентус што и се оствари. Португалецот постигна хет-трик во победата на „старата дама“ над Атлетико Мадрид со 3:0 и ја изведе „старата дама“ на четврт-финале во Лигата на шампиони. Првиот гол го запиша по асистенција на Бернандески во 27. минута, вториот во 48. минута по додавање на Кансело, а точка на двомечот стави во 86. минута од пенал што го изнуди Бернандески. Шпанскиот состав славеше во првиот меч со 2:0 што, сепак, беше недоволно за успешно минување на гостувањето во Торино.

https://www.youtube.com/watch?v=XusdSE2MD7M

Негативата од два што ги донесоа од првиот меч во Мадрид не го поколебаа италијанскиот првак од вербата дека пласманот меѓу осумте најдобри во ЛШ е можен. „Црно-белите“ одиграа одличен меч за разлика од гостите, чие издание беше нетипично и непрепознатливо за нив. Главната улога ја имаше Роналдо кој покажа дека Атлетико Мадрид му лежи како ривал без оглед дали е во дрес на Реал или на Јуве, против тимот од „Ванда Метрополитано“ го постигна 24. гол во кариерата, а реванш осминафиналниот настап го заокружи со осми хет-трик во елитното УЕФА друштво.

Манчестер сити, пак, не покажа нималку милост кон Шалке. По победата во Гелзенкирхен со 3:2 во првата средба, „граѓаните“ во реваншот на „Етихад“ го понижија бундеслигашот со дури 7:0. Двоен стрелец за тимот на Пеп Гвардиола беше Серхио Агеро во 35. минута од пенал и во 38. минута, по еднаш Ралф Фарман го совладаа Лирој Сане во 43. минута, Рахим Стерлинг во 56. минута, Бернардо Силва во 71. минута, Фил Фоден во 78. минута и Габриел Жезус во 84. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=oLLliIjAIBQ

Четвртфиналисти во Лигата на шампиони од минатата недела се екипите на Ајакс, на Порто, на Тотенхем и на Манчестер јунајтед, вечерва се придружија Јувентус и Манчестер сити, а последните учесници ќе бидат познати во среда вечер по реваншите меѓу Баерн Минхен – Ливерпул, односно, Барселона – Олимпик Лион. Средбите на „Алијанц арена“ и на „Камп Ноу“ се закажани за 21 часот. Првите мечеви на „Енфилд“ и на „Жерлан“ завршија без голови.

Ждрепката за четвртфиналните двојки ќе се одржи на 15 март (петок) во Нион.

Лига на шампиони, осминафинале, реванши

Јувентус – Атлетико Мадрид 3:0 (0:2)

Манчестер сити – Шалке 7:0 (3:2)

Во заграда се резултати од првите средби.

Атлетико Мадрид Јувентус Кристијано Роналдо Лига на шампиони Осминафинале фудбал Хет-трик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.