Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куп на Италија: Потоп на Рома во Фиренца, елиминација на Јувентус

0
By Нова ТВ on January 31, 2019 СПОРТ
Фото: oasport.it
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 31, 2019 00:15

Еузебио ди Франческо е на излезна врата на „Олимпико“. Фиорентина ја понижи Рома со 7:1 во четврт-финалето во Купот на Италија, исход што многу веројатно ќе продуцира тренерска смена на клупата на „волчицата“.

„Виолетовите“ во целост ги надиграа нивните римски гости и заслужено се пласираа во полуфиналето. Хет-трик постигна Федерико Киеза во седмата минута, во 18. минута и во 74. минута, мрежата на Олсен ја „решетаа“ уште Муриел во 33. минута, Бенаси во 66. минута и на двапати Симеоне во 79. минута и во 89. минута. Почесниот погодок за Рома беше дело на Александар Коларов во 28. минута.

Рома за првпат прими шест или повеќе голови во италијанскиот куп по 1961 година. Она што е заедничко за двата меча е Фиорентина која и тогаш беше „џелат“ за римската волчица која со идентичен резултат беше надиграна и декласирана од Манчестер јунајтед и во Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Јувентус, пак, е запрен во походот за одбрана на Куп трофејот во Италија. Аталанта во Бергамо ја совлада „старата дама“ со убедливи 3:0. Двоен стрелец за домашните беше Колумбиецот Дуван Запата во 39. минута и во 86. минута, една реализација запиша и Белгиецот Тимоти Кастање во 37. минута.

Пласман во полуфинале обезбеди и Милан по тримфот над Наполи со 2:0 со двата гола на Криштоф Пјонтек, а последниот учесник во големата четворка ќе биде познат по дуелот Интер – Лацио (четврток, 21 ч.).

Куп на Италија – четврт-финале

Аталанта – Јувентус 3:0

Фиорентина – Рома 7:1

Милан – Наполи 2:0

Интер – Лацио (четврток, 21 ч.)

Италија Јувентус Куп Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.