Заев: Убеден сум дека ќе формираме влада со четиригодишен мандат

Во однос на коалицирањето со други политички партии, претседателот Заев посочи дека сите опции се отворени и дека процесот на разговори ќе го даде правецот за тоа кој би се приклучил на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во постоизборна коалиција. Но, најави и укинување на министрите без ресор што беше и предизборно ветување

Заев по средбата на коалицијата „Можеме“: Наш предлог за избори е 14 јуни

Веќе втор месец сме во вонредна состојба, повеќе од четири месеци имаме техничка влада, три месеци како е распуштено Собранието. Потребни се и Собрание и Влада за преземање на конкретни чекори, пред сè, за надминување на економската криза. Со тоа, сè повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори“, рече лидерот на СДСМ