Во моментот во седиштето на СДСМ е во тек средба на партнерите од коалицијата „Можеме“ што беше формирана за изборите 12 април што се одложија поради пандемијата на коронавирусот.

Се очекува на средбата да се разговара и околу можниот нов датум за одржување на изборите, за што СДСМ се залага да биде што поскоро, доколку ситуацијата со епидемијата на ковид-19 го дозволува тоа.

Собирот на коалицијата „Можеме“ е на два дена до лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски на која ќе се разговара за нов датум за вонредните парламентарни избори.