Не оди, па не оди: МЗТ Скопје со петти пораз во Еврокупот

Македонскиот кошаркарски првак загуби на домашен терен од Лиеткабелис со 80:87 и „закован“ е на последното место во групата А со скор 0-5 каков имаат уште Будуќност и Унион Олимпија во Ц, односно, Д конкуренцијата. „Металците“ во петокот го дочекуваат ФМП во АБА лигата