Browsing: квалификации за СП 2018

Стрелци на головите за „Гордиот Албион“ беа Стариџ, Лалана и Кејхил, сите со глава. Словенија на Катанец славеше на Малта, Азербејџан со Просинечки „настрада“ во Северна Ирска, вардарецот Којашевиќ стрелец за Црна Гора

За утрешниот дуел во Гранада отпаднаа Рамос, Пике, Иниеста, Диего Коста. Жорди Алба е најавено дека сè уште е недоволно опоравен и ќе биде на клупата како и Мата за кого медиуми на Пиринеите најавуваа такво нешто

Сите улици во Елбасан беа затворени при движењето на Израелците од аеродром до хотел. Стадионот е под постојан надзор на албански специјалци, а полицијата соопшти дека се ангажирани 2.000 нејзини припадници за осигурување на фудбалскиот меч

Напаѓачот на Селта е повикан во шпанската репрезентација за дуелот со Македонија, откако стана јасно дека неговиот колега од Челзи отпаѓа за сабота во Гранада, но и за пријателскиот меч со Англија на „Вембли“ во вторник

Селекторот Ангеловски потврди дека капитенот ќе настапи во сабота во Гранада, напаѓачот на Челзи најверојатно се враќа во Лондон од каде и пристигна повреден на подготовките на „црвената фурија“

Несторовски како прв адут за гол на Македонија и во сабота во Гранада против Шпанија во квалификациите за СП 2018. Пандев се пожали на болки во задната ложа, но капитенот ќе биде фит за дуелот со „црвената фурија“

Фудбалската репрезентација се комплетира во Скопје за дуелот со Шпанија во квалификациите за СП 2018. Вечерва пристигна и голманот Столе Димитриевски од Гимнастик кој единствен недостасуваше на првиот тренинг