Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Леванте
Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања
Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата
Вечерашниот гол беше седми на македонскиот репрезентативец во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња
Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути против ривалот на Вардар во групата Л во УЕФА Европа лигата. Во листата се запиша во 89 минута на начин типичен за него, од слободен удар што го изведе беспрекорно за потврда на трите бода на екипата од Валенсија
Фудбалскиот репрезентативецот на Македонија се најде во стартниот состав и одигра 70 минути против „жолтата пподморница“. Неговиот тим на крајот славеше со 1:0 со гол од пенал во финишот на средбата
Македонскиот репрезентативец за првпат беше во почетниот состав на екипата од Валенсија и возврати на најдобар можен начин. Му додаде на Хозе Кампана во 16 минута за водство со 1:0 и реализира во 55 минута за 2:0
Македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша тригодишен договор со шпанскиот прволигаш од Валенсија со опција за продолжување на соработката за дополнителни две сезони. Вредноста на трансферот е 1,5 милиони евра
Барди во моментот се наоѓа во Валенсија и подложен е на лекарски прегледи во екипата која се враќа во Примера за наредната сезона. Елмас е во Истанбул на финални преговори со Фенербахче. Според најавите од медиумите во Шпанија и Турција наскоро се очекува и официјализирање на трансферите