Енис Барди дебитира за Леванте во шпанската Примера. Фудбалскиот репрезентативецот на Македонија се најде во стартниот состав во мечот против Вилјареал што екипата од Валенсија го доби со 1:0. „Жолтата подморница“ беше потопена со погодокот на Моралес во 88 минута од пенал.

Барди остави солиден впечаток на теренот и беше заменет во 70 минута. Офанзивниот играч од средниот ред потпиша тригодишен договор со Леванте ова лето, по настапите со младата македонска селекција на Европското првенство во Полска, и уште на подготовките се наметна кај тренерот Хуан Рамон Лопез Муњиз. Во Шпанија замина од екипата на унгарски Ујпешт во која мина три сезони.

https://www.youtube.com/watch?v=-H8hv_LrCKg

Во последниот меч од воведното коло, Еибар славеше на гостувањето кај Малага со 1:0.

Примера, 1 коло

Малага – Еибар 0:1

Леванте – Вилјареал 1:0

Депортиво ла Коруња – Реал Мадрид 0:3

Барселона – Бетис 2:0

Атлетик Билбао – Хетафе 0:0

Севилја – Еспањол 1:1

Џирона – Атлетико Мадрид 2:2

Селта – Реал Сосиедад 2:3

Валенсија – Лас Палмас 1:0

Легањес – Алавес 1:0