Browsing: Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација вечерва во Вадуц го совлада Лихтенштајн со 2:0 и остана на плус три од Ерменија во пресрет на мечевите од последното коло во групната фаза. Трите бода на „Реин парк“ беа заверени во второто полувреме. Енис Барди во 53. минута го претвори во гол слободниот удар што го изнуди Горан Пандев, Илија Несторовски, по асистенција на Александар Трајковски, стави печат на четвтриот триумф во циклусот

„Под команда“ на селекторот Игор Ангеловски се стави и Стефан Ристовски за комплетирање на националниот тим, но не и Иван Тричковски од АЕК Ларнака кој ќе мора да паузира во наредните десетина денови поради истегнување на бутниот мускул. Саботниот мечл на арената „Филип Втори“ е со почеток во 20.45 часот, влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина и 100 денари за јужната

Првенци во сениорската репрезентација на Висар Муслиу и Енис Барди, нова реализација на Александар Трајковски што беше копија на онаа против Италија во Торино во петокот и кам-бек со гол на Аријан Адеми. „Црвено-жолтите“ го завршија циклусот како петтопласирани во групата Г со 11 бода (три победи, два нерешени исхода и пет порази), директен пласман на мундијалот во Русија осигура Шпанија, Италија ќе игра бараж

Еврогол на Бобан Николов во финишот на првото полувреме и два на Илија Несторовски во второто за очекувана и заслужена победа над Лихтенштајн во Вадуц во квалификациите за СП 2018. Напаѓачот на Палермо не реализира пенал во 90 минута. „Црвено-жолтите“ во вторник во Скопје ќе играат пријателски меч со Белорусија, на 11 јуни ќе бидат домаќини на Шпанија

Вардаровиот играч мора да носи имобилизатор на десната дланка за заштита на скршеницата на палецот. Дозволата за негов настап е кај делегатот на средбата, па затоа и упатената покана за фудбалерот на Вроцлав кој експресно одговори и допатува на подготовките во Скопје.

„Црвено-жолтите“ не бегаат од фаворитската улога, но и самите се свесни дека ќе мора и да ја оправдаат на терен и конечно, по пдоолго време, да почнат да напредуваат на ФИФА ранг листата. Натпреварот е во петок на „Рејнпарк“ во Вадуц со почеток во 20,45 ч.