Ѓорческа во поход на Ју-Ес опен: По Дејвис вечерва против Јана Фет

Мечот со хрватската тенисерка е закажан за 20 часот, но почетокот ќе зависи од времетраењето на претходните дуели на теренот на кои ќе играат. Подобрата во квалификациското финале ќе игра со победничката од пресметката меѓу Даниеле Лао од САД (236. на ВТА листата) и Швајцарката Кони Перин (148. на ВТА листата). 

Халеп: Речиси сум мртва, мускулите ги снема, зглобот не го чувствувам

Романката го „преживеа“ маратонот со Лора Дејвис во третото коло на Австралија опен и на крајот славеше со 4:6, 6:4, 15:13. Само последниот сет траеше 142 минути под пеколното сонце во Мелбурн во мечот во кој беше израмнет рекордот на одиграни гемови на женскиот дел на гренслемот од 1996 година кога Чанда Рубин ја порази Аранча Санчез Викаро со 6:4, 2:6, 16:14