Browsing: Македонија

Во текот на наредните 28 фестивалски денови, на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, како и самата црква ќе има околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Драмската програма започнува утре со изведбата на претставата „Сестрите Прозорови“ на Чехов, во изведба на Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес

Претседателот Пендаровски минатата недела најави дека мандатот за состав на идната влада ќе го довери на оној кој ќе увери дека обезбедил мнозинство во Собранието. Посочи дека уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор

На свечената седница како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Северна Македонија, јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата, претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Северна Македонија

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања со позитивни резултати кај 22 лица во Гостивар, 14 во Скопје, 13 во Штип, осум во Куманово, четири во Виница, по три во Кавадарци, во Свети Николе и во Берово, две во Кичево и по едно лице во Струга и во Кочани

Честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во синоќешното соопштение на поранешен потпретседател на САД и претседателски кандидат на Демократите на претстојните избори во САД

Во изминатото деноноќие се направени 1.419 тестирања со позитивни резултати кај 47 лица во Скопје, 23 во Штип, 17 во Куманово, 15 во Гостивар, по 12 во Тетово и во Кичево, 10 во Македонски Брод, девет во Кавадарци, седум во Струга, три во Охрид, по две во Виница, во Свети Николе и во Неготино и по едно лице во Дебар, во Битола, во Гевгелија, во Струмица и во Демир Хисар

Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ e откриено дека пет контролирани субјекти ја имаат злоупотребено употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (двe вина) и Чиле (двe вина)