Силно невреме попладнево го зафати Скопје. Град со големина на орев се истури врз неколку населби во градот, а во други невремето беше и сè уште е со послаб интензитет.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претходно најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени.