Browsing: Македонија

Избирачките места во шесте изборни единици требаше да се отвораат во 7 часот, а гласањето ќе заврши во 21 часот. Право на глас имаат 1.814.613 милион граѓани кои ќе гласаат на 3.480 избирачки места. Се гласа за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имат 1.578 кандидати. Вчера гласаа болните, немоќните и хронично болните лица, затворениците, лицата во домашен притвор и во старечките домови, а понеделникот беше резервиран за заболените лица со Ковид-19 и оние во самоизолација

Чаирскиот градоначалник Висар Ганиу по пожарот рече дека ќе следува реновирање на постоечкиот локал и уверуваше дека ќе нема тврда градба, но актуелната состојба на лице место не соодветствува со тогашните најави. Една плоча е веќе готова и се чини дека нема да се запре на неа, со оглед на поставената арматура за столбови за нова подлога и спрат

Од Министерство за здравство истакнуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.259 тестирања со позитивни наоди кај 76 лица во Скопје, 13 во Тетово, 10 во Гостивар, седум во Струга, по шест во Куманово и во Штип, по три во Битола и во Кичево, по две во Дебар и во Свети Николе и по едно лице во Прилеп, во Охрид, во Кавадарци, во Гевгелија, во Македонски Брод, во Кратово и во Ресен

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) објавени на нивната веб-страна, денеска треба да гласаат 8.855 болни, немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК. Гласање ќе се спроведува и во 13. Казнено-поправни установи, а во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Гласање ќе има и во 17 старечки домови каде правото на глас ќе можат да го остварат 357 гласачи, а правото на глас ќе може да го остварат и шест внатрешно раселени лица

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски појасни дека појавената разлика во бројките што биле соопштени од претходно е поради одредени приговори од граѓани што пристигнале во меѓувреме и истите биле разгледани и прифатени. Утре (вторник) гласаат болните и изнемоштените чиј број изнесува 8.852, потоа 1.657 лица во 13. казнено-поправни установи и шест внатрешнораселени лица. Правото на глас, пак, во 17. старечки домови ќе можат да го остварат 357 гласачи. Од денешното и од утрешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност