Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Инклузива“: Навреди од Избирачки одбор кон лице со попреченост како набљудувач

0
By Нова ТВ on July 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 15, 2020 20:23

Пропусти при пристапноста на гласачките места и гласањето за лицата со попреченост, како и непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, забележале набљудувачите на Здружението „Инклузива“.

Според набљудувањето до 15:30 часот, како главен проблем е нотирана (не)пристапноста на гласачките места и користењето на алатките за гласање на лица со попреченост. Набљудувачите известуваат дека 20 од посетените избирачки места не се воопшто физички пристапни (нема рампи или лифтови, има скали или бариери). Параваните за гласање на лица со попреченост не се поставени на соодветно место на 22 избирачки места, односно се ставени покрај ѕид, блокирани или воопшто не се поставени.

„Шаблони со Брајово писмо и граничници за гласањето на лица кои се слепи и со слаб вид не се користени на 31 место. На едно место е забележано како придружникот гласа за лице кое е слепо без присуство на самото лице зад параванот. На 10 гласачки места не се поставени сликовити прикази за процесот на гласање. Четири набљудувачи се соочија со проблем при вршење на набљудувањето и комуникацијата со избирачките одбори, а на едно гласачко место набљудувач – лице со попреченост е навредено од страна на Избирачки одбор“, стои во извештајот од Инклузива.

Забележани се, се додава во извештајот, и нерегуларности во поглед на непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, односно неносење или неправилно користење на заштитни маски и ракавици од страна на избирачки одбори на 15 гласачки места, неодржување на физичко растојание на 21 гласачко место, непроветрување на просторот и повеќе лица од дозволениот број на три гласачки места.

Здружението „Инклузива“ ги набљудува парламентарните избори со 70 набљудувачи кои се лица со попреченост на 210 избирачки места. Ова, како што велат од здружението, е досега набројната набљудувачка мисија на лица со попреченост во земјата. Преку својот мониторинг набљудувачите следат дали се остварува правото на глас и ја покреваат свеста за еднаквиот пристап кон гласањето кој сè уште не е можен за секој граѓанин.

„Овој мониторинг покажува и дали мерките кои се преземаат за гласање на лица со попреченост (шаблони со Брајово писмо, граничници, монтажни рампи, паравани) не се користат. Кога избирачките одбори не ги почитуваат овие мерки, залудно се потрошени ресурсите на нив а граѓаните со попреченост не го добиваат своето право на глас“, порачуваат од Инклузива.

гласање Здружение „Инклузива“ Избори 2020 лица со попреченост Македонија услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.