Службеник кој е вработен како советник во Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево го нападнал началникот на Единицата за безбедност во сообраќајот во Тетово. Информација за инцидентот беше споделена на социјалните мрежи, но доби потврда и од МВР дека случајот е регистриран и оти се постапува по него. Притоа не се навлегува во детали, освен дека на расветлување работи внатрешната контрола на МВР.

„Денеска во 15:55 часот е пријавен инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е Одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот“, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски за МИА, без да прецизира детали за учесниците во инцидентот.