Browsing: Македонија

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.454 тестирања со позитивни резултати кај 71 лице во Скопје, 20 во Тетово, 15 во Куманово, 14 во Гостивар, по 10 во Штип и во Охрид, по пет во Прилеп и во Ресен, четири во Пробиштип, по три во Струга и во Битола, две во Кичево и по едно лице во Дебар, во Велес и во Македонски Брод. Починаа седум пациенти – по двајца од Скопје и од Куманово и по еден од Струга, од Кочани и од Неготино

Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека „сме го изгубиле јазикот“. И да престанат да ни го навредуваат и омаловажуваат нарекувајќи го „северџански“. Ние зборуваме македонски јазик, кој полека станува дел од големото европско семејство, заедно со останатите европски јазици, рече лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција пред македонското Собрание

Oд Министерството за здравство посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.653 тестирања со позитивен наод кај 75 лица во Скопје, 14 во Струга, 10 во Охрид, по девет во Куманово и во Тетово, осум во Штип, седум во Гостивар, по шест во Дебар, во Прилеп и во Свети Николе, четири во Кочани, по три во Велес, во Кавадарци, во Кичево и во Ресен, две во Гевгелија и по едно лице во Струмица, во Крушево, во Пробиштип, во Берово и во Валандово. 

Доколку Советот даде зелено светло за Северна Македонија на 10 ноември, може да се очекува првата меѓувладина конференција, со која се означува формалното отворање на преговорите со ЕУ, да се одржи во текот на декември оваа година

Според неофицијални најави, во следните две седмици документот ќе се разгледува од земјите членки на Европската Унија кои треба да ја одобрат финалната верзија според која ќе се водат македонските преговори за членство во Унијата. Предлогот кој е изготвен од тимот на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, се темели на новата, ревидирана, методологија за пристапување

Од Министерството за здравство истакнаа дека во изминатото деноноќие се направени 954 тестирања со 64 позитивни наоди во Скопје, 14 во Тетово, седум во Охрид, по пет во Ресен, во Кичево и во Струга, по четири во Куманово и во Дебар, три во Битола, по два во Штип, во Прилеп, во Гостивар и во Свети Николе и еден во Македонски Брод