Browsing: Македонија

Нимиц напоменува дека во текот на преговорите, но и по донесувањето на Договорот на моменти имал чувство дека има граматичка улога, бидејќи сега решението за името требало да се примени во пракса, во именувањата, а особено прашањето во која форма да се користат придавките, со оглед на тоа што македонската страна изрично беше против придавката северномакедонски

Четири лица починаа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а едно во домашни услови во Куманово. Во изминатото деноноќие, истакнуваат од МЗ, се регистрирани и 29 нови случаи на коронавирус во земјата од кои 15 во Скопје, седум во Куманово, по три во Струга и во Кочани и еден во Прилеп

Болницата во Битола станува регионален центар, така што таму се пренесуваат инфицираните кои беа хоспитализирани во Охрид, а сите тие се од околината на Струга. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, кај 18 деца до деветгодишна возраст е потврден коронавирусот и сите имаат лесна клиничка слика

Шефот на македонската димпломатија најави помош од Турција, во Кина, а како што кажа се обратил со барање за помош и од Шведска и од Германија, како и преку механизмите на НАТО и на ЕУ

Многу добро знаеме колку е важно на Западниот Балкан да владее мир и меѓусебна соработка и овие работи нè приближуваат кон тоа, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кој се наоѓа во посета на Скопје

Маж на возраст од 63 години од струшко Лабуништа, неколку часа по приемот со тешка клиничка слика, починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат од Министерството за здравство (МЗ)

Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија, е оценка на претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор