Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од државен карантин излегоа 160 граѓани, за утре најавен авион од Лондон

0
By Нова ТВ on April 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: balkanengineer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 5, 2020 10:37

Државниот карантин, по поминати 14 дена, вчера го напуштија 160 македонски граѓани кои со хуманитарни летови беа вратени во земјава и беа сместени во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје и во депандансот во Демир Капија.

„Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот ковид-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите“, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.

Статистиката, заклучно со вчера, покажува дека во државен карантин се наоѓаат 2.099 лица, а утре во попладневните часови треба да се реализира лет од Лондон до Скопје. Рокот за пријавување на заинтересираните македонските граѓани во Обединетото Кралство беше до денеска во 10 часот.

Од Министерството посочуваат сите заинтересирани да ги достават податоците: име и презиме, број на македонски пасош, контакт телефон и мејл адреса и истите да ги испратат на мејлот од Амбасадата london@mfa.gov.mk.

Амбасадата може да ја контактираат на телефонскиот број 07917 684 668, а заинтересираните кои ќе се регистрираат преку оваа Амбасада, ќе бидат веднаш контактирани од Кризниот штаб во МНР.

„Граѓаните кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор меѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на нашата земја да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена“, соопшти Амбасада на Република Северна Македонија во Лондон.

Досега во земјава се вратени вкупно 2.207 македонски државјани, покажуваат податоците на МНР кое го организира враќањето на наши граѓани затекнати во странство. Како што објави МНР на официјалниот Фејсбук профил, од 22 март до 4 април на Глобалниот контакт центар за конзуларни услугу во итни ситуации на Министерството се пријавиле 5.228 македонски граѓани од целиот свет кои изразиле желба за враќање во земјава од кои 2.890 се согласиле да бидат сместени во државен карантин. Најголем дел од повиците – 93 проценти или 4.861 доаѓаат од Европа, а 272 повика се регистрирани од останатите континенти.

Со досега реализираните чартер летови од Ла Валета, од Загреб, од Љубљана, од Виена, од Базел, од Минхен, како и по два лета од Берлин и од Келн/Бон, во земјата се вратиле 1.445 наши државјани. Преку три хуманитарни конвои со автобуси и автомобили од Црна Гора, Турција и Словенија обезбедено е враќање на 150 наши државјани. Со посредство на Австрија и Португалија во земјава се вратени и 11 македонски државјани од Перу.

МНР во соработка со странски претставништва во земјава, репатрираше и над 600 странски државјани меѓу кои и на Австрија, Австралија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Косово.

По избувнувањето на пандемијата со коронавирусот сите гранични премини на земјава беа затворени на 16 март, а на 18 март беше затворен и Меѓународниот аеродром Скопје. 

граѓани Државен карантин Лондон Македонија МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.