Browsing: Македонија

Британската тинк-тенк организација „Сендбег“ во својот последен извештај укажува дека С. Македонија води во регионот во однос на извозот на струја, а главни купувачи се Грција и Бугарија. ЕУ редовно предупредува дека 16. централи на јаглен во регионот загадуваат колку сите 250 централи на Унијата

Ако биде предложен усогласен текст на законот за јавно обвинителство и по содржина и со договорено мнозинство, веднаш ќе биде ставен на пленарна седница, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери

Првата асоцијација кога дознав за случајот ми беа проблемите со кои што ние се соочувавме за време на бегалската криза. Јас, на пример, бев избркана од сопственик на ресторан во Гевгелија затоа што се обидов да влезам и да седнам со едно детенце од Сирија, вели директорката на Хелсиншки, Уранија Пировска

За петок е планирана заедничка работна вечера на европратениците со лидерите на парламентарните партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Алтернатива и Беса. Неофицијално, се очекува да стане збор и за трите столба врз кои ќе се базираат идните заеднички односи меѓу ЕУ и С. Македонија.

Ова, меѓудругото, го истакна францускиот амбасадор во земјава на денешната тркалезна маса насловена „Патот кон НАТО и ЕУ – предизвици и перспективи“ во коорганизација на Советот на амбасадори во и кабинетот на претседателот Стево Пендаровски и може да се толкува како негово благо омекнување на многупати повторениот став – прво реформа на процесот за проширување, па потоа преговори со државите – кандидати за членство

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е закажана во 14 часот и единствена точка на дневен ред е „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Пред неколку месеци на едно ТВ интервју, тој конкретно беше прашан за предлог за државен обвинител. Зборуваше за човек со репутација, кредибилитет, кој што е репрезент на фелата, а тоа за него бил Владимир Панчевски. Дали лидерот на опозициската партија сè уште е на истиот предлог?

Годинашната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) започна со оспорување на овластувањата на македонската делегација по барање на унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво, но во шестчлената делегација во ПССЕ само две се жени

Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата на СДСМ во трите години мандат не направила ништо на полето на борба против загадувањето. Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули возврати дека Владата за првпат во изминатите години има план за справување со загадувањето што, според него, покажува резултати на намалување на загадувањето и најмал број на загадени денови