Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дијалогот „Жан Моне“ ќе ги седне лидерите на работна вечера

0
By Нова ТВ on January 29, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 29, 2020 10:30

Ако предлогот на закон за Јавното обвинителство не ги седна на иста маса, тогаш пред распуштање на Собранието, последна заедничка средба на лидерите на парламентарните партии може да биде работната вечера организирана во рамки на дијалогот „Жан Моне“. Овој дијалог е инструмент развиен од Европскиот парламент како алатка во областа на парламентарната медијација и поддршка на демократијата во ЕУ, и во негови рамки досега се одржаа две сесии.

Третиот дијалог е планиран за 31 јануари (петок) и 1 февруари (сабота), на кој во фокусот ќе биде постигнување консензус за собранискиот Деловник. Се очекува тогаш во Скопје да допатува новиот известувач на Европскиот парламент за земјата, Илхан Ќучук и други европратеници, кои ќе имаат средба со лидерите на партиите, а потоа и заеднички разговори со координаторите на пратеничките групи.

 

Иако најголем дел од спорните точки во Деловникот беа усогласени, за опозицијата беше спорен начинот на избор на Генералниот секретар на Собранието, а најмногу усогласувањето со амандманите на Уставот, со кои Деловникот треба да го носи новото име на државата – Деловник на Собранието на Република Северна Македонија.

Она што е важно, и за што постои консензус, е со измените на собранискиот Деловник да се ограничи времетраењето на конститутивната седница на парламентот, за да се избегнат блокади на тој процес какви што имаше во 2017 година, но и настани каков што беше „крвавиот четврток“ (27 април 2017 година).

Лидерска вечера

Првата дебата се очекува в петок во парламентот, а потоа е предвидена е заедничка работна вечера на европратениците со лидерите на парламентарните партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Алтернатива и Беса. Неофицијално, на вечерата се очекува да стане збор и за трите столба врз кои ќе се базираат идните заеднички односи меѓу Европската унија и Северна Македонија.

Фото: livemint.com

Првиот се однесува на новата методологија на преговорите за членство што треба да ја претстави Европската комисија, вториот е во врска со одлуката за почеток на преговори на која од лидерите на ЕУ се очекува да се осврнат пред загрепскиот самит во мај, и третиот – самитот во Загреб, кој ќе се фокусира на економски развој и закрепнување на регионот.

Но, пред сè, се очекува на работната вечера да стане збор за трите приоритети кои земјата треба да ги заврши пред изборите, односно до распуштањето на парламентот. Амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар, кој ќе присуствува на вечерата, тие приоритети деновиве ги нагласи повеќепати.

„Се надевам дека Собранието ќе ги усвои клучните закони пред да се распушти во февруари – законот за Јавното обвинителство, измените на Изборниот законик според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, и се надеваме дека дијалогот „Жан Моне“ ќе придонесе за подобрување на собранискиот Деловник”, истакна Жбогар.

Дијалогот носи резултати

Иако дијалогот ќе се реализира десетина дена пред распуштањето на Парламентот, од македонското Собрание и Европарламентот веруваат дека ќе дојде до надминување на сите спорни точки. На значењето на дијалогот во рамките на процесот „Жан Моне“, вчера во Брисел се осврна и претседателот на Собранието, Талат Џафери, во обраќањето на самитот на претседателите на парламентите од Западен Балкан. Меѓудругото, за истото разговарал и на средбата со европратениците Тања Фајон и Владимир Билчик, кои се копретседавачи на Групата за демократска поддршка на Западниот Балкан.

„Соговорниците се осврнаа и на дијалогот „Жан Моне“, како уште една форма на соработка која донесе конкретни резултати во градењето на политичкиот дијалог во Собранието, како што беше донесувањето на Кодексот за етичко однесување, утврдувањето на потребата од измени на Деловникот со цел избегнување ситуации на блокада кои се случуваа во минатото и поставување рамка за административна, финансиска и безбедносна независност на Собранието“, беше соопштено по средбата. Во очекување на третиот дијалог, била изразена заедничка заложба оваа алатка за соработка да продолжи и по изборите.

дијалог ЕУ Жан Моне лидерска средба Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.