Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Увозот на струја од С. Македонија – закана за климатските амбиции на ЕУ

0
By Нова ТВ on January 31, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 31, 2020 09:24

Увозот на евтина струја од земјите од Западен Балкан, меѓу кои води Северна Македонија, претставува ризик за европските амбиции за намалување на емисиите на ЦО2 во ЕУ, како и во регионот, предупредува британскиот тинк-тенк „Сендбег“ во својот последен извештај.

Во Европската Унија, системот на размена на квоти на емисии познат како ЕТС има за цел да ги поттикне земјите членки да ги намалат штетни емисии. Овој комплексен систем им овозможува на земјите и на компаниите да ги заменат емисиите со ограничен број на кредити за проекти кои штедат емисии било каде во светот и со тоа да го компензираат тоа што го емитуваат во воздухот. Системот треба да придонесе за постигнување на климатска неутралност во 2050 година, односно нула штетни емисии во ЕУ.

Фото: euneighbours.eu

Но, според последниот извештај на „Сендбег“, земјите членки го заобиколуваат системот и сè повеќе купуваат струја произведена во централите на јаглен од соседните земји како Турција, Украина, Мароко и западниот Балкан. Ниту една од овие земји нема воведено тарификација за јагленот, со што, предупредува организацијата „се компромитира намалувањето на емисиите на ЕУ и се охрабрува употребата на јаглен во соседните земји кои ќе станат „офшор рај“ за јагленот“, стои во извештајот.

Фото: sandbag.org.uk

Податоците од извештајот покажуваат дека Северна Македонија води во регионот во однос на извозот на струја, а главни купувачи се Грција и Бугарија. ЕУ редовно предупредува дека шеснаесетте централи на јаглен во регионот загадуваат колку сите 250 централи на Унијата. Нето увозот на струка е зголемен од 3 на 21 тони ват на час (TWh) меѓу 2017 година и 2019 година.

Експертите од овој тинк-тенк пресметале дека увезената струја испуштила 26 милиони тони ЦО2 во воздухот, додека да се произведела таа струја во земјите членки на ЕУ емисиите ќе биле помали за 11 тони, затоа што електричните мрежи во ЕУ помалку загадуваат.

Дополнително, доколку увезените емисии беа покриени со системот на квоти за ЦО2 на ЕУ тоа ќе значеше 630 милиони евра поголем приход за Унијата. Оваа „неоданочена“ увезена струја произведена со јаглен како што ја нарекува „Сендбег“ ризикува да се зголеми во иднината.

„Предвидено е да се зголеми капацитет за интерконекција за 31 отсто помеѓу ЕУ и третите земји, ова дополнително ќе ги изложи пазарите на струја на ЕУ на увоз. Петнаесет отсто од оваа експанзија ќе биде на западниот Балкан каде се наоѓаат електричните централи кои најмногу загадуваат во Европа“, алармира „Сендбег“ и потсетува дека е планирана изградба на нови термоелектрани на јаглен во наредните години во Турција, Египет, БиХ и Србија.

ЕУ земјите кои најмногу увезуваат струја од трети земји се Финска, Грција и Хрватска и покрај тоа што имаат амбициозни планови за декарбонизација, односно планираат целосно да го исфрлат јагленот до 2030 година. Меѓутоа, ќе останат изложени на увозот на струја од централи на јаглен кои загадуваат и со тоа де факто ги загрозуваат и националните и европските амбиции за декарбонизација и климатска неутралност.

Земјите од западниот Балкан најмногу извезуваат во Грција, во Бугарија, во Романија, во Хрватска и во Унгарија.

Најголемите текови се меѓу Северна Македонија и Грција со 2,7 TWh и БиХ и Хрватска со 1,6, додека во самиот регион на западниот Балкан, најголемите текови се меѓу Северна Македонија и Бугарија со 1,8 TWh и Бугарија и Србија (1,3).

„И покрај тоа што е нето увезувач на струја по обем, западниот Балкан е нето извезувач на ЦО2 емисии во ЕУ. Проценуваме дека 6,3 тони ват на час извезени во ЕУ од страна на западниот Балкан испуштиме дваесет отсто ЦО2 од целокупниот увоз на струја“, пишува во извештајот.

Земјите од регионот планираат да ги зголемуваат своите капацитети на јаглен без план за вклучување на обновливи ресурси.

„Емисиите на Северна Македонија се зголемуваат според сите сценарија, немаат таргет за обновлива струја, моментално набавуваат 23 отсто. Така што е веројатно дека фосилните извори ќе продолжат да доминираат најмалку до 2025 година“, предупредува организацијата.

Со оглед на овие податоци, „Сендбег“ ја повикува ЕУ да примени карбон такса на увозот на струја од трети земји и со тоа да покаже кредибилност кон сопствената климатска политика и да спречи делокализација на емисиите од електричниот сектор, истовремено поттикнувајќи ги земјите од соседството да спроведат сериозна декарбонизација и да ја усогласат својата политика со таа на ЕУ. 

ЕУ јаглен Македонија Струга Увоз-извоз Централи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.