Browsing: Македонија

Националниот тим, предмалку, во Суми, Украина, одигра 27:27 со домашната селекција. Дејан Манасков не реализира удар за победа во последна секунда. Место на континенталниот собир во Хрватска ќе мора да се брка во недела низ последните 60 минути во квалификациите против Чешка на домашен терен

Младата фудбалска репрезентација од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година. На претстојното ќе биде дел од групата Б заедно со Шпанија (Гдиња, 17 јуни, 20,45 ч.), Србија (Бидгошч, 20 јуни, 18 ч.) и Португалија (Гдиња, 23 јуни, 20,45 ч.)  

„Фуријата“ вечерва славеше на „Телеком арена“ со 2:1 во шестото коло од циклусот за завршниот турнир во Русија. Давид Силва во 15 минута и Диего Коста во 27 минута погодија за гостите, Стефан Ристовски во 66 минута го постигна единствениот гол за „црвено-жолтите“ во петтиот пораз во групата Г. Наредниот настап на „црвено-жолтите“ ќе биде на 2 септември на гости против Израел

Фудбалската репрезентација вечерва (20,45 ч.) на „Телеком арена“ против моќната „црвена фурија“ во циклусот за планетарниот собир догодина во Русија. Во нашата група уште меча во истиот термин – Италија е домаќин на Лихтенштајн, а Израел на Албанија

„Црвено-жолтите“ ремизираа без голови во контролата пред Шпанија во сабота во Скопје. Беа подобар ривал од турската селеција која е 25 светска репрезентација, имаа два поништени гола на Мојсов и на Алиоски, уште неколку добри закани и зицер во 88 минута што Тричковски не успеа да го претвори во гол за победа

Вечерашниот пријателски фудбалски меч на „Телеком арена“ е одлична прилика за репрезентацијата со добра игра и резултат да се најави претстојното гостуање на „црвената фурија“ во сабота во Скопје во квалификациите за СП 2018 во Русија

Селекторот Благоја Милевски додаде седуммина репрезентативци од генерацијата 1996/97, го заокружи списокот на 24 играчи кои ќе патуваат на континенталниот турнир од 16 до 30 јуни и го одржа првиот тренинг во центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ

Националниот тим со пад за три места во однос на мајското рангирање. Шанса за подобрување на позицијата се претстојните дуели со Турција и Шпанија во Скопје. На врвот на листата без промени, Полска се израмни со „црвената фурија“ на десеттото место