Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Хет-трик на Асенсио за моќната Шпанија против Македонија

0
By Нова ТВ on June 18, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 18, 2017 02:24

Ремек-дело со ножички на Саул Нигез, хет-трик на Марко Асенсио и гол од пенал на Делофеу. Ова беа автори на убедливата победа (5:0) на моќната Шпанија која преку Македонија испрати порака до конкуренцијата во групата Б и воопшто на Европското првенство за фудбалери до 21 година по што допатува во Полска. Местото на завршниот турнир го осигура преку бараж двомеч со Австрија (1:1 и 0:0), но „црвената фурија“, сепак, е прв фаворит за титулата што го демонстрира и низ 90. минути во Гдиња против составот на Благоја Милевски.

Во фудбалската пресметка што на официјалната интернет страница на ЕП 2017 беше оценета како „Давид против Голијат“, Македонија влезе со отворен гард. Почна храбро и со намера да постигне дебитантски гол во дебитантско учество на континенталните смотри и по цена на пораз, па и убедлив. На крајот го доживеа, а првенец ќе брка против Србија во второто коло (20 јуни) или против Португалија во последното (23 јуни).

Фото: uefa.com

Четирикратниот европски фудбалски првак во оваа возрасна категорија се претстави како репрезентација од друга димензија во Гдиња. Ја имаше контролата на теренот, преку Гаја и Бељерин навремено ги затвораше приодите кон Аризабалага, а со расположените Нигез, Асенсио и Делофеу ја заврши работата во напад. Иако упати двојно помалку удари кон македонскиот гол, сепак, покажа рационалност во реализацијата. Од шесте закани во рамки на стативите на Алексовски, пет завршија на посакуваното место.

Заби покажа и селекцијата на Македонија. Иако загуби без погодок, но многупати ја стави шпанската одбрана на искушение. Се обиде 24 пати да пробие и да го совлада противничкиот голман пришто Давид Бабунски јапогоди и гредата. Аризабалага беше принуден да интервенира во четири ситуации, десет шута завршија крај или над целта и уште толку беа изблокирани. Македонските репрезентативци изведоа и седум корнери, забележаа 403 додавања од кои 356 прецизни што, според педантните статистичари на УЕФА, е 88 отсто успешност „од нога до нога“.

Извор: uefa.com

Шпанија низ играта и резултатот ја потенцира и вредносната разлика во однос на Македонија на пазарот гледано и како целина и индивидуално. Проценета е, според порталот Трансфермаркт, на околу 283,5 милиони евра наспроти 7,88 милиони евра колку што „тежат“ „црвено-жолтите“. Дури 17 поединци во составот на Селадес се поскапи од целиот ростер на Милевски, а само Саул Нигез чини 40 милиони евра, цена што ја оправда со ефектните ножички во десеттата минута.

Првите мечеви на ЕП или СП отсекогаш важеле за непредвидливи. Улога притоа има и ривалот, но и очекувањата што се присутни за фаворитот. Историјата сервирала изненадувања како и она од типот меѓу Францијја и Сенегал на сениорското СП 2002 кога африканскиот претставник ги шокира „триколорите“. Многумина посакуваа реприза, малкумина веруваа дека е можна меѓутоа Шпанија не дозволи во ниту еден момент да доживее шок и безбедно ги впиша првите три бода на првенството.

И втората селекција од Пиринеите го доби вториот балкански претставник во групата Б. Португалија со 2:0 ја совлада Србија со головите на напаѓачот на ПСЖ, Гонцало Гедес во 31 минута и на Бруно Фернандеш, играч на Сампдорија, во 88 минута.

Мечевите од второто коло во групата Б се закажани за 20 јуни. Македонија и Србија ќе се пресметаат во Бидгошч од 18 часот, а Португалија и Шпанија во Гдиња од 20,45 часот.

Шпанија – Македонија 5:0 (3:0)

Стадион: „Мунисипал“ во Гдиња. Гледачи: 8.300. Гл. судија: Харалд Лехнер. Асистенти: Максимилијан Колбич и Андреас Хајденрајх (сите од Австрија). Ж. картони: Мере (Шпанија). Стрелци: Саул Нигез 10′, Асенсио 16′, 54′, 72′, Делофеу 35′ од пенал за Шпанија.

Шпанија (формација 4-3-3): Аризабалага – Гаја, Ваљехо, Мере, Бељерин – Љоренте, Нигез, Суарез – Асенсио (Ојарзабал 81′), Делофеу (Себаљос 63′), Рамирез (Инаки 74′). Селектор: Алберт Селадес.

Македонија (формација 4-2-3-1): Алексовски – Демири, Велковски, Зајков, Бејтулаи – Барди, Николов – Маркоски (Ѓорѓев 46′), Радески, Да. Бабунски (Костадинов 76′) – Ангелов (Елмас 46′). Селектор: Благоја Милевски.

ЕП 2017

Група Б, 1 коло

Шпанија – Македонија 5:0

Португалија – Србија 2:0

ЕП 2017 Македонија Полска У21 фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.