Browsing: Манчестер Јунајтед

Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода

Покрај српскиот тим и англискиот великан, во групата Л се и екипите на Астана и на АЗ Алкмар. Првото коло е закажано на 19 септември, големото финале на 27 мај догодина на стадионот „Енерга“ во Гдањск

„Црвените ѓаволи“ славеа со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испратија силна порака дека максимално ќе казнуваат од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминираат во статистичките категории или не. Два гола постигна Маркус Рашфорд, по еднаш во листата нан стрелци се запишаа Антони Марсијал и Даниел Џејмс

„Граѓаните“ го поразија Јунајтед пред 75.000 гледачи на „Олд Трафорд“ со 2:0 и се вратија на чело на табелата со бод повеќе од Ливерпул на три кола до крај на сезоната. Вулверхемптон, пак, ги порази „топчиите“ со 3Ч1 и ги запре во напредокот кон зоната што води во Лигата на шампиони за наредната сезона