Browsing: Манчестер Јунајтед

„Црвените ѓаволи“ во финалето во Стокхолм го совладаа Ајакс со 2:0 и обезбеди место во Лигата на шампиони за наредната сезона. Стрелци за премиерлигашот вечерва на „Френдс арена“ беа Погба во 18 минута и Хенрик Мкитарјан во 48

Мечот за титулата во вториот УЕФА ранг е вечерва од 20,45 часот на „Френдс арена“ во Стокхолм. Дуелот меѓу холандскиот и англискиот гигант во сенка на немилиот настан во понеделникот во Манчестер каде загинаа над 20 лица, а над 60 се повредени кога бомбаш-самоубиец се разнесе по концертот на Аријана Гранде

Толку, наводно, загубил капитенот на Манчестер Ј. пред гостувањето кај „спарси“ во Премиерлигата, но тешко дека хазардерскиот излет ќе се одрази негативно врз неговиот семеен буџет од причина што неделно заработува 310.000 евра на „Олд трафорд“. Не се одрази ниту врз играта со оглед дека го постигна единствениот гол за „црвените ѓаволи“ во поразот со 2:1 на „Вајт Харт Лејн“

Евентуално освојување на трофејот на 24 мај во Стокхолм против Ајакс, според Португалецот, би било и совршен крај на тековната сезона за „црвените ѓаволи“ со оглед дека се шести на табелата во Премиерлигата на три кола до крајот на првенството

„Отровните стрели“ на ирската фудбалска легенда доаѓаат во пресрет на реванш полуфиналниот дуел на „црвените ѓаволи“ против Селта во Лига Европа. Олимпик Лион, пак, е домаќин на Ајакс во вториот дуел на вечерашниот репертоар

„Црвените ѓаволи“ ја победија Селта со 1:0 во првиот полуфинален меч во Лига Европа за огромен исчекор кон финалето во Стокхолм. Единствениот погодок на „Балаидос“ беше дело на Маркус Рашфорд од слободен удар во 67 минута