Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни и претседателски избори во Бугарија, рекорден број кандидати за претседател и потпретседател на државата

0
By НОВА ТВ Balaban on November 14, 2021 НАСЛОВНА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 14, 2021 09:22

По се изгледа дека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21 ноември кога треба да се одржи вториот круг. За првпат немаше предизборна дебата за претседателските избори во Бугарија.

Денеска во Бугарија за првпат се одржуваат парламентарни и претседателски избори. Ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Централната изборна комисија на Бугарија во последен момент одлучи да ги преброи контролните ливчиња од гласањето со машини, за да има гаранција за правичноста на изборите. Две партии поднесоа жалба до Врховниот управен суд на Бугарија.

Со 13.000 машини ќе се гласа на речиси сите избирачки места во Бугарија и во странство. 11.936 машини во земјата и странство. Во Бугарија има 543 избирачки места поради малиот број гласачи, на 300 ќе се гласа со хартиено ливче.

За учество на парламентарните избори во Бугарија пријавени се 20 партии и 7 коалиции, што е помалку од претходните парламентарни избори на 11 јули.

Бугарски граѓани со право на глас има 6.700.000 Бугарите во странство ќе можат да гласаат на 751 избирачко место во 68 земји во светот.

Во Република Северна Македонија избирачки места ќе бидат отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип. На Балканот најголем број избирачки места за бугарските избори ќе има во Турција – 126. На претходните парламентарни избори на 11 јули гласаа 28.000 бугарски Турци кои живеат во Турција.

За првпат по падот на комунизмот во Бугарија на крајот на 1989 година има рекорден број кандидати за претседател и потпретседател на државата. Вкупно 24 партии, коалиции и иницијативни комитети, имаат кандидати за претседател и потпретседател на Бугарија.

За парламентарните избори сите социолошки агенции во земјата за време на предизборната кампања посочија на коалицијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ-УДФ, која би освоила околу 23-24 отсто, со осум отсто разлика зад нив е коалицијата „Продолжуваме со промени“ на двајцата поранешни министри за економија и финансии во преодната влада на државата Кирил Петков и Асен Василев 15,5% – 16,5%, но социолозите прогнозираат дека имаат најголем потенцијал да добијат најмногу гласови од гласачите.

По нив следат бугарските социјалисти на Корнелија Нинова со 15%. Четврти според анкетите се „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов со 11,5%, петти во анкетите се Движењето за права и слободи со 9,9%, а шеста со минимална разлика е „Демократска Бугарија“ на Христо. Иванов со 9,6 отсто.

Социолозите до неодамна не беа сигурни дали коалицијата на поранешниот омбудсман на Бугарија Маја Манолова „Исправи се БГ! Доаѓаме!“ ќе успее да ја надмине бариерата од 4% за да влеземе во бугарскиот парламент.

Фаворити за претседателските избори во Бугарија се актуелниот претседател и потпретседател Румен Радев и Илијана Јотова, кои учествуваат како независни поддржани од БСП и ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ проф. Анастас Герџиков и полковникот Невјана Митева, поддржан од ГЕРБ. Според анкетите, Радев би добил 48 отсто, а Герџиков 28 отсто. На трето место се лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадаи со 10% и претседателот на Врховниот касационен суд Лозан Панов со 8%, кој во Бугарија се прослави со своите отворени критики за заткулисните случувања во судството во Бугарија и против изборот на главниот обвинител Иван Гешев. Панов е поддржан од Демократска Бугарија.

По се изгледа дека претседателот на Бугарија нема да биде избран во првиот круг, туку тоа ќе се случи на 21 ноември кога треба да се одржи вториот круг. За првпат немаше предизборна дебата за претседателските избори во Бугарија. Проф. Анастас Герџиков и Лозан Панов постојано го покануваа Румен Радев на дебата, но неговиот штаб одбиваше. Панов беше единствениот претседателски кандидат кој за време на кампањата ја посети и Северна Македонија, а за МИА испрати порака дека подава рака со соседите. Тој во Скопје се сретна со македонските Бугари, пријателите на Бугарија, интелектуалците и со проф. Владо Бучковски, кој во име на македонската влада преговара со Бугарија. Панов учествуваше во две ТВ интервјуа за водечки македонски медиуми, пред кои ја објасни својата визија за македонско-бугарските односи.

 

 

Бугарија гласањето избори машини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.