Browsing: медиуми

Tреба да го поздравиме охрабрувачкиот напредок постигнат во Северна Македонија, каде притисокот и гонењето на новинарите значително се намалија, стои во докумeнтот на Пaрламентарното Собрание на Советот на Европа.

Раководства на дел од ТВ куќите засега без одговор по ова прашање, освен дека потегот го образложуваат со „уредувачка политика“ и нагласуваат оти не станува збор за бојкот. Владата се произнесе по новонастанатата ситуација и неофицијално потврди дека е има проблем во комуникацијатам, без да прецизира од каква природа е, меѓутоа разликите ќе се пеглале со дијалог

Рама во парламентот изјави дека законот е работен заедно со ОБСЕ. Целта e „заострување на законските рамки, за да се овозможи регулација и дисциплинирање во оваа џунгла“, изјави албанскиот премиер коментирајќи го пејсажот на онлајн медиуми во земјата

Меѓу 5,1 милијарда евра и 7,5 милијарди евра руски инвестиции, сметајќи ги и директните странски инвестиции од офшор дестинации во индиректна сопственост на Русија, влегле во регионот од 2006 година

Измените во Законот за медиуми и информации што ги потпиша рускиот претседател Владимир Путин сега за „странски агенти“ можат да бидат прогласени и одделни лица, првенствено новинари. Руското министерство за правда, според сопствени наводи, во својата евиденција води веќе 10 медиумски претпријатија како странски агенти. Во нив спаѓаат американската телевизија Гласот на Америка и повеќе претставништва на Радио слободна Европа и други. Германските медиуми, меѓу кои и Дојче веле, во Русија не се водат за „странски агенти“.

Угледниот париски весник нагласува дека процесот за историскиот договор беше „долг и полн со пречки“ и најавува дека гласањето во грчкиот парламент се очекува до крајот на месецот, но истовремено и дека е неизвесно

Во тие години на прсти се броеја медиумите. Весниците „Нова Македонија“ и „Вечер“ и јавниот сервис МРТ и македонското радио, а граѓаните и политичарите беа поделени на југоносталгичари и оние кои веруваа во независна Република Македонија