Browsing: Методологија

Шефот на италијанската дипломатија денеска престојува во Скопје и на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Димитров, истакна дека отворањето на преговори за членство на земјава во ЕУ не смее да забави бидејќи се работи само за политичка волја

Новата методологија обезбедува реверзибилност на процесот, како што бараше Франција, што значи дека преговорите со некоја земја-кандидат можат да стопирани или вратени од почеток доколку не покажува напредок или има назадување. Документот што денеска го објави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност

Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент, вели националниот координатор за интеграција во Европската Унија кој својот став го базира на нацрт верзијата на новата методогија за преговори за членство во ЕУ што официјално треба да биде објавена денеска

Предлогот за нова преговарачката методологија на ЕУ до кој дојде „Дојче веле“ предвидува поделба на процесот во тематски групи и право на земјите-членки да ги блокираат преговорите со кандидатите. Државите кандидати за членство во Унијата во иднина ќе преговараат преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја

Веста е само потврда на вчерашната порака на Ана Писонеро, портпаролка на Европската комисија (ЕК), дека извештајот за новата методологија на преговори нема да биде објавен на 29 јануари како што се очекуваше. Попладнево во посета на Македонија ќе допатува претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел