Browsing: МВР

Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР Скопје, што беше предлог на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Таа вели дека се одлучила на овој чекор бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи

Новата Единица што ќе работи во состав на Секторот за внатрешни работи и ќе делува на територијата на град Скопје е формирана со фузија од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт

Ова во ВМРО ДПМНЕ сигурно го знаеле, но ризикувале. Зошто Мицковски не предложил кандидат кој ги исполнува условите за министер, во случајов технички за МВР? – Дали Ковачки се користи како јадица, за понатаму да улови друг кандидат, во случај СДСМ да го одбие предлогот, што би било очекувано. Ако СДСМ не го прифати Ковачки, а има добра уставна причина за тоа, тогаш ќе му се отвори простор на ВМРО ДПМНЕ да предложи друго име, за кое СДСМ ќе нема многу време и причини да го оспорува затоа што ќе биде неопходно да се формира Пржинската влада, а при тоа Мицковски да предложи посигурен партиски член од неговото блиско опкружување

Единицата е формирана од досегашната Единица за јавен ред и мир, Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“ и Единицата за асистенции, спровод и обезбедување на транспорт и врз основа на моделот на интервентната полиција во Загреб

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил ја повика власта да не ги одложува работите и истакна дека „кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми“ на што СДСМ возврати дека опозициската партија треба да предложи друг кандидат затоа што доставениот предлог е спротивен на Уставот

Ковачки доаѓа од АРМ, има чин полковник, како професионалец учествувал во неколку мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги. Но, неговото назначување би можело да биде оневозможено според член 97 од Уставот кој вели – „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“

Дел од приведените, како што изјави Сузана Прањиќ Талевска, се поврзуваат и со неодамнешното пукање во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Во денеска акција, врз основа на судски наредни се извршени претреси на 34 локации кај вкупно 32 лица во населените места Ѓорче Петров, Грчец, Ченто, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар