Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК се иззема: Не сме надлежни да одлучуваме по барањето на Чулев за шеф на СВР Скопје

0
By Нова ТВ on January 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2020 15:05

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница утврди дека решението за назначување на раководна позиција од страна на министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Членовите на ДИК едногласно се изјаснија за ваквиот заклучок, укажувајќи дека не се надлежни да одлучуваат по барањето на мислење од техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев во врска со одлуката за именување на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје што не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска.

„Во овој случај ние немаме надлежност затоа што ова прашање не се однесува на организација и спроведување на изборите. Нивната изборна надлежност е утврдена во член 44 од Законот за Влада, во чиј став 4 и став 6 точно пишува кои се надлежностите на техничкиот министер и на дополнителниот заменик министер во Владата, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Појаснувајќи, зошто ДИК не е надлежна да одлучува за барањето, тој ги посочи ставовите 4 и 6 од членот 44 од Законот за Влада.

„Тоа е изворна надлежност на министерот од членот 44 и тие именувања не подлежат на активностите што се дадени од членот 46, 48 и понатаму 47, кои се однесуваат на организација на изборите“, рече Дерковски.

Всушност, како што појаснија членовите на ДИК, за именување на Ставревски не е потребен втор потпис, односно потпис од дополнителната заменик министерка Петровска.

Членот на ДИК, Борис Кондарко, образложувајќи зошто ова барање во суштина не е поврзано со организација на изборите, рече дека Комисијата заедно со Владата и дополнителните министри и заменици министри се должни и се упатени на меѓусебна соработка посебно, како што рече, кога се работи за предизборен период.

„Сметам дека во овој момент е потребно сите заедно повеќе да комуницираме, да се консултираме, да се координираме и да соработуваме за да не се добива погрешен впечаток во јавноста за евентуални проблеми во врска со организацијата на изборите“, истакна Кондарко.

Тој ги повика претставниците на сите институции коишто се вклучени во организација на изборите да работат професионално и одговорно за да тие бидат успешно организирани. Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи. Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик-министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

Дик МВР Наќе Чулев Ристе Ставревски СВР Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.