Browsing: МВР

Поради големиот број на уапсени, во функција за нивни превоз беа ставени неколку стари автобуси на ЈСП, а сите го минаа денот и ноќта во полициските станици во Карпош, во Гази Баба, во Кисела Вода и во Ѓорче Петров. Претпладнево беа изведени пред судија за прекршоци по што ќе бидат познати и казните кои може да бидат парични, но да бидат изречени и времени мерки за влез во земјата

Гинекологот Николче Дамчевски имал упатен акт за издржување на казна затвор уште на 14.11.2018 година, кога е побарано од МВР да се утврди неговата достапност. До овој момент Судијата за извршување на санкции нема никаков одговор од МВР, потврдија за НОВА од Основниот суд 1 во Скопје

Адвокатот на обвинетиот Александар Василевски Нинџа, чија одбрана денеска на судењето за 27 април откри нови моменти за тоа како бил организиран упадот во Собранието,  Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со скандалот со прислушување во Јавното обвинителство посочи дека опремата била инсталирана во 2013 година и оти информацијата ја добиле пролетта преку свои внатрешни извори по што веднаш ги информирале Јавниот обвинител и претседателот на Основниот суд Скопје 1