Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски од Прилеп: Пријави на случаи за рекет има, но моментно не знам точен број

0
By Нова ТВ on July 21, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 21, 2019 17:58

Tреба да се бориме радикално против криминалот и корупцијата и дека секој нелегално и бесправно стекнат имот треба да биде конфискуван, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како последица на запленетиот имот во Охрид по налог на јавното обвинителство.

„Во сите години на независна Македонија имавме многу малку случаи на конфискација на имот. Тоа праќаше една порака до криминалните структури дека и покрај криминалните активности, стекнатиот имот нема да биде конфискуван. Сега начинот на работењето концептуално е сменет и кај МВР и кај Јавното обвинителство. Паралелно со сите постапки и истраги, се води и финансиска истрага и врз основа на наредбите што ги добиваме од Јавниот обвинител, ние постапуваме и не само конкретно за еден настан или случај туку за сите ќе се постапува така и понатаму и секој нелегално стекнат имот мора да биде вратен на државата, односно, на граѓаните“, порача Спасовски од Прилеп.

На прашање дали и колку бизнисмени досега во МВР пријавиле случај на изнуда или рекет, Спасовски вели дека има пријави и така треба да се постапува во случаите на изнуда и рекет.

„Имаме случаи на пријавување, но нивниот број во моментот не го знам. Се што е пријавено во МВР, ние сме дејствувале и дејствуваме. Сметам дека граѓаните сега се охрабрени да пријавуваат, затоа што институциите функционираат неселективно. Секој кој има закана, е предмет на уцена или добил барање на некаков финансиски надомест, да пријави, а ние да го сработиме и да пратиме порака до граѓаните дека во Македонија нема и не смее да има заштитени“, одговори првиот човек на МВР.

Спасовски ја нагласи потребата од одговорност без разлика кој е или е близок до одредени политички структури. Тој притоа потсети на апелите дека обвинителството и судството мора да застанат на свои нозе и да отворат перспективи во борбата против криминалот.

МВР Оливер Спасовски пријави Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.