Browsing: МЗТ Скопје Аеродром

Аеродромци го совладаа Работнички со 76:67 (по четвртини: 17:14, 16:17, 21:17, 22:19) во финалето во салата „Јасмин“ во Кавадарци за деветта титула во натпреварувањето колку што има и тимот од Градски парк. Признанието за МВП во мечот за титулата му припадна Дамјан Стојановски

Хрватскиот состав славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 85:80 (18:15, 21:24, 22:24, 24:17) во меч со кој беше заокружена третата рунда од регионалното натпреварување. Јуре Лалиќ со 23 поени најефикасен на средбата, Лука Божиќ со епитетот МВП на колото. „Штрковите“ во наредното коло ќе ѝ гостуваат на Игокеа

Градоначалникот, според наши сознанија, го известил раководството на клубот за одлуката да се повлече, локалната самоуправа ќе продолжи да донира средства на „штрковите“. Неофицијално, како една од причините за потегот на Коневски се наведуваат заладените односи со навивачката група „Фемили“, друга, пак, упатува на крај на неговиот мандат и определбата на ВМРО-ДПМНЕ да истрча со нов кандидат на претстојните локални избори