Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АБА лига: МЗТ Скопје поразен од Задар во последната минута

0
By Нова ТВ on October 9, 2017 СПОРТ
Фото: aba-liga.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 9, 2017 21:03

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден, резултатски, тесен и играчки драматичен меч пред своите гледачи, но овојпат на крајот се радуваше гостинската екипа. Задар славеше во СЦ „Јане Сандански“ со 85:80 (18:15, 21:24, 22:24, 24:17) во меч со кој беше заокружено третото коло од регионалното натпреварување.

Победникот беше решен во последната минута во која „штрковите“ влегоа со 80:78. Шиме Шпраља, кој го тој момент немаше реализација (0/5 за три, 0/2 за два поена), „испали“ тројка за водство на хрватскиот состав со 81:80, а кон него, до крајот, се надоврзаа и Престон Ноулс и Лука Божиќ за серија од 7:0 и прва победа во сезоната за тимот од Далмација.

Лука Божиќ го понесе епитетот МВП на натпреварот и воопшто на третата рунда. Настапот во Скопје го одбележа со 16 поени, девет скока и четири асистенции за индекс на корисност 32. Најефикасен на паркетот во СЦ „Јане Сандански“ беше Јуре Лалиќ со 23 поени, Гарсија додаде 15, Дамјан Стојановски 11. Ефектот на триото, сепак, не беше доволен за амортизирање на последиците од 20. загубени топки на составот на Александар Тодоров и избегнување на вториот пораз во сезоната.

МЗТ Скопје во првото коло го совлада Партизан со 92:89 по што доживеа убедлив пораз на гостувањето кај ФМП со (72:100). Наредниот понеделник (21 ч.) македонскиот шампион ќе патува во Лакташи кај тимот на Игокеа.

МЗТ Скопје Аеродром – Задар 80:85

По четвртини: 15:18, 24:21, 24:22, 17:24. Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Дамир Јавор (Словенија), Сашо Петек (Словенија), Бранислав Мрдак (Србија)

МЗТ Скопје Аеродром: Митев, Гарсија 15, Стаиќ 4, Јансен 7, Мекиќ 1, Лалиќ 23, Пенов, Минчев 4, Трајковски 9, Д. Стојановски 11, Маслинко, Бајли 6. Тренер: Александар Тодоров.

Задар: Ноулс 25, Башиќ 3, Иванов 12, Јеленковиќ, Крајина 4, Вуковиќ 5, Брзоја 17, Шпраља 3, Томас, Божиќ 16. Тренер: Арамис Наглиќ.

АБА лига, 3 коло

МЗТ Скопје Аеродром – Задар 80:85

Будуќност – Цибона 71:62

Цедевита – Игокеа 79:84

Петрол Олимпија – Црвена звезда 73:82

Партизан – ФМП 87:84

Мега Бемакс – Морнар 91:70

Табела: Црвена звезда 6, Мега Бемакс 5, Цедевита 5, Игокеа 5, Будуќност 5, ФМП 4, Партизан 4, Цибона 4, Задар 4, Петрол Олимпија 4, МЗТ Скопје Аеродром 4, Морнар 4.

Идно коло 

Задар – Партизан (сабота, 17 ч.), Морнар – ФМП (сабота, 19 ч.), Цибона – Цедевита (сабота, 21 ч.), Мега Бемакс – Петрол Олимпија (недела, 17 ч.), Црвена звезда – Будуќност (недела, 19 ч.), Игокеа – МЗТ Скопје Аеродром (понеделник, 21 ч.).

АБА лига Задар кошарка МЗТ Скопје Аеродром
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.