Browsing: Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер обезбеди полуфинале на завршниот Мастерс по два одиграни меча. Во првото коло беше подобар од Џон Изнер, во второто го совлада и Александар Зверев. Утревечер (21 ч.) ќе игра и против Марин Чилиќ во меч што нема никакво резултатско значење по него за изгледот на табелата во „Густаво Кернтен“ групата

Меѓу присутните во „О2 арена“ беше и ѕвездата на Јувентус и петкратен освојувач на Златната топка во друштво на неговата девојка Георгина Родригез и неговиот син. Српскиот тенисер го совлада Џон Изнер со 6:4, 6:3

Српскиот тенисер додаде уште еден, вкупно 14, гренслем трофеј во богата колекција по победата во финалето на Ју-Ес опен над Хуан Мартин дел Потро со 6:3, 7:6, 6:3 по три часа и 15 минути игра. За „будењето на шампионот“ како што некои медиуми го опишаа неговиот успех во Њујорк се пресудни три причини – операцијата на лактот во Швајцарија во февруари, враќањето на Маријан Вајда во тимот и петдневното планинарење со сопругата Јелена во Франција

Швајцарецот со 6:2, 6:2, 6:4 го елиминира Нишиока, Србинот беше подобар од Мартон Фусовиц од Унгарија додека Давид Ферер поради повреда на раката го предаде мечот со Рафаел Надал при резултат 6:3, 3:4. Романката Халеп, пак, се впиша во неславна историја на турнирот како прва тенисерка што отпатувала во Њујорк како водечка на ВТА листата, а не успеала преку првото коло. Подобра од неа беше Естонката Каја Канепи со 6:2, 6:4