Browsing: Одбојка

Капитенот порачува дека е потребна смиреност, задржување на истиот пристап, наметнување и негување на сопствениот стил на игра и ментална надградба за Фајналфорот во Гентофте, Данска. На вториот турнир во групата А, селекторот Балтиќ ќе може да смета и на Ѓоко Јосифов

Националниот тим со максимална победа и против западниот сосед со 3:0 (по сетови: 25:21, 25:16, 25:22) за зацврстување на првото место во групата А. Турнирот во СРЦ „Кале“ завршува денеска (недела) со мечевите Азербејџан – Албанија (17 ч.) и Шведска – Македонија (19,30 ч.)

„Црвено-жолтите“, вечерва во СРЦ „Кале“, славеа со 3:0 (по сетови: 25:19, 25:19, 25:20) и во ниту еден момент не дозволија да бидат нарушени нивните победнички амбиции. Најмногу поени (22) забележа Никола Ѓорѓиев, Љафтов нанижа 11, Милев и Самадов по 8, Маџунков 7. Утревечер (19.30 ч.) во второто коло е дуел против Албанија

Промоцијата на трофејниот македонски тренер се случи денеска во просториите на турската федерација во Анкара. Во 2017 година го очекува настап на ЕП во Полска, во Светска лига и квалификации за СП

Договорот меѓу него и турската одбојкарска федерација е постигнат, промоцијата е најавена за наредната недела. Покрај клупскиот ангажман во Малије Мили Пјанго, во 2017 година го очекуваат квалификации за СП и настапи во Светската лига и на ЕП во Полска