Browsing: Пјонгчанг

Свеченото отворање е во 20 часот по локално време, т.е. 12 часот по македонско со пренос на МРТ 1. На Игрите ќе учествуваат 2,952 спортиста од 92 земји меѓу кои и тројца од Македонија – Антонио Ристевски (алпско скијање – слалом и велеслалом), Ставре Јада (крос кантри – спринт на 1,6 километри и трка на 15 километри) и Викторија Тодоровска (крос кантри – трка на 10 километри)

Освен знаменосецот, во скромната спортска експедиција од Македонија на Игрите во Јужна Кореја се вклучени и крос кантри скијачката Викторија Тодоровска која е пријавена за настап во трката на 10 километри и најискусниот меѓу нив, Антонио Ристевски кој А норма ќе учествува во техничките алпски дисциплини – велеслалом и во слалом

Во новогодишно обраќање, севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун, меѓудругото, истакна дека Игрите во Пјонгчанг ќе бидат добра прилика за промоција на неговата земја, за искажување на национална гордост и со желба истите да бидат успешни

Во него е вградено посебно црево за кислород што ќе обезбедува сигурност на пламенот во секакви временски (не)прилики. Има и одводен отвор за спроведување на влагата на дното. Висок е 700 милиметри, бројка што симболично ја претставува надморската височина (700 метри) на која се наоѓа Пјонгчанг