Browsing: Претквалификации за СП 2019

Против Косово добро полувреме, против Естонија добра четвртина (првата како што потенцира самиот Давитков) за два пораза (68:72 и 76:80) и крајно лош впечаток. Шансите за минување во главната фаза на патот кон СП не се загубени, но само поради натпреварувачкиот формат. Евентуален пласман во главната квалификациска фаза нема да го поправи впечатокот од лош во добар бидејќи ситуација не е нималку ветувачка на играчки план

Двата бода вечерва се единствена опција за составот на Јорданчо Давитков за поправање на впечатокот по стартниот пораз во циклусот од Косово. Мечот во „ВИП арена“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“ почнува во 20,30 часот

Според селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, лошото издание во првото полувреме било пресудно за конечниот исход на мечот. Естонија во сабота (20,30 ч.) во Скопје е прва наредна прилика за „црвено-жолтите“ за рехабилитација по настапот во Приштина

Ривал на „црвено-жолтите“ вечерва (20,15 ч.) во воведните 40 минути за враќање на загубениот имиџ и рејтингот од минатото е Косово. Мечот е во рамки на претквалификациите за мундијалот во 2019 година. Во групата е уште и селекцијата на Естонија која ќе гостува во сабота во Скопје

Натпреварите се закажани во периодот од 2 до 17 август во 2017 година, ќе се играат по принципот „дома-гости“ и најдобрите две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат учеството во главниот квалификациски циклус што почнува во ноември