Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: Македонија загуби во Талин и ќе навива за Естонија на Косово

0
By Нова ТВ on August 16, 2017 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 16, 2017 20:58

Македонија е чекалница за место во квалификациите за Светското кошаркарско првенство во 2019 година. Естонија и во Талин ги совлада „црвено-жолтите“ со 74:65 и ги остави во неизвесност за конечниот изглед на табелата во преквалификациската група Ц, а со тоа и нивната иднина во мундијалскиот циклус.

Естонците со денешната победа се најавија во главната фаза на патот кон Кина. Но, пред нив е гостување и на Косово што е без резултатско значење, но исходот во сабота во Приштина е пресуден за тимот на Јорданчо Давитков. Со триумф на кошаркарите од Балтикот, Македонија ќе заврши на второто место што ќе значи минување на претквалификациите. Во спротивно, Косовците ќе одат натаму.

Македонија имаше прилика да не зависи од други. Беше рамноправен партнер на Естонците на теренот во три четвртини (16:18, 25:23, 13:14) и десет минути ја делеа од заверка на второто место во групата. Но, завршните десет минути донесоа голем пад во играта што го искористија домашните и со 20:10 ги разрешија сите дилеми околу победникот. Притоа си обезбедија и армија навивачи пред дуелот со Косово.

Џордан Теодор со 19 поени и капитенот Војдан Стојановски со 18 беа најефикасни во македонската селекција. Сите останати не успеаја да ја минат двоцифрената граница на кошеви. Сок со 15, Талтс со 14, Веидеман со 13 и Кангур со 11 ја предводеа Естонија до третата победа во претквалификациите.

Естонија – Македонија 74:65

По четвртини: 16:18, 25:23, 13:14, 20:10. Спортска сала: „Саку Сурхол“ во Талин. Гледачи: 2.500. Судии: Томас Јасевичиус (Литванија), Јурис Кокаинис (Летонија), Мануел Мацони (Италија).

Естонија: Веидеман 13, Лане, Пуидет 2, Сок 15, Талтс 14, Кедус 5, Хермет, Кангур 11, Ајхфус, Јоесар, Пасоја 8, Халик 6. Селектор: Тит Сок.

Македонија: Николовски 2, Стаиќ, Јанески, Мекиќ, Костоски 6, В. Стојановски 18, Тасовски 7, Ѓуроски 2, Брчков, Чековски 10, Теодор 19, Младеновски 1. Селектор: Јорданчо Давитков.

Естонија кошарка Македонија Претквалификации за СП 2019
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.