Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коментар: Од четврти на ЕП во 2011 година при дното во 2017.

0
By Нова ТВ on August 6, 2017 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 6, 2017 14:13

Македонската машка кошаркарска репрезентација стои на тенок мраз во претквалификациите за мундијалот во Кина во 2019 година. Играчки и резултатски воопшто не е надежно. Против Косово добро полувреме, против Естонија добра четвртина (првата како што потенцира самиот Давитков) за два пораза (68:72 и 76:80) и крајно лош впечаток.

Шансите за минување во главната фаза на патот кон СП не се загубени, но само поради натпреварувачкиот формат. Под претпоставка дека „црвено-жолтите“ ќе победат во, барем, еден од двата преостанати меча со поголема разлика одошто загубија, на крај ќе бидат подобри во меѓусебните дуели со односниот ривал и ќе го освојат првото или второто место во групата Ц.

Таквиот евентуален расплет, сепак, нема да го поправи впечатокот од лош во добар бидејќи ситуација не е нималку ветувачка на играчки план. При толку мака мачење во претквалификации со дебитант и ривал што спаѓа во третиот кошаркарски ешалон на стариот континент, Македонија, наместо конкурентна, би била „топовскo месо“ за селекции на повисоко квалитативно рамниште според рангирањето на ФИБА. А, само пред шест години беше четврта на евробаскетот во Литванија. Како се успеа во меѓувреме дотолку да се загуби континуитет и при смена на генерации што често знае да биде тежок процес?

Селекторот беше доблесен по поразот од Естонија што призна дека проблемот е кај македонскиот национален тим. Првенствено поради големиот број нереализирани „пенали“. Вториот момент е „поспаноста“ на играчите кои, иако им беше предочен естонскиот шутерски потенцијал, сепак, не сторија доволно за да го неутрализираат, па гостите од Балтикот си „решетаа“ за два поена и за тројка.

Коментари за судии и начин на кои тие ја делат правдата се непотребни. Најмалку со ставот дека „воопшто не беа наклонети на домаќинот“. Нивната работа на терен треба да биде егал за двата ривала бидејќи Македонија синоќа играше во Скопје, но што кога ќе игра на страна. Дали и тогаш судиите треба да бидат наклонети на домаќинот? – Секако дека не.

Ќе се залажуваме ако дел од вината се насочува кон нив. Сопственото двориште секогаш треба да е на прво место што меѓудругото го истакна селекторот Јорданчо Давитков. Одговорноста треба да се прифати и понесе. Прва адреса, по обичај, е Федерацијата, но подеднакво важна и голема паѓа и на клубовите и на т.н. „школи“ во однос на работата со млади играчи како потенцијална основа за иднина и сервис на А тимот. Се работи ли нешто на тоа поле, какво и колкаво внимание се посветува или, пак, се се сведува на финансискиот момент и прибирање на определен месечен надоместок.

кошарка Македонија Претквалификации за СП 2019 репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.