Browsing: Работодавачи

Не два милиона евра, колку што првично објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, туку станува збор за 10 милиони евра што работодавачите ги задржале од државната финансиска поддршка што беше наменета за исплата на плати на работниците, објави ТВ Телма повикувајќи се на извори од Владата. Меѓу над 4.500 компании има и медиум

Ваквиот негов став доаѓа на ден по откривањето од Сања Лукаревска, директорка на Управата за Јавни Приходи (УЈП), дека околу 700 фирми аплицирале и добиле финансиска поддршка од државата за исплата на плати за месеците април и мај, но не трансферирале дел од парите на своите вработени

Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале законската одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта на финансиската помош беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите“, рече Лукаревска и додаде да го направат тоа пред да бидат јавно објавени

Неопходно е воведување на јасни критериуми и постапки за утврдување дали, а доколку е тоа случај, во колкав обем, работодавачот навистина се соочува со финансиски потешкотии во работењето. Само на тој начин ќе се избегнат моменталните нормативни парадокси со кои е возможно работодавачот континуирано да има зголемен обем на работа, а истовремено да се соочува со финансиски потешкотии, порачуваат од Хелсиншки комитет