Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЈП: Работодавачи со државна поддршка за плати, но и задршка на дел од парите

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 28, 2020 13:08

Фирми од Скопје, од Тетово, од Гостивар, од Струга и други места земале финансиска поддршка од државата за исплата на плати на вработените, но не ја исплатиле на работниците, покажа анализата на Управата за јавни приходи (УЈП), институција преку која се спроведуваше мерката за поддршка од последиците од корона-кризата, а со цел да се задржат работните места.

Како што соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на денешната прес-конференција, станува збор за 281 работодавач кои во април примиле поддршка во износ од 9.995.565 милиони денари, меѓутоа не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени и 427 компании во мај воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, иако добиле финансиска поддршка во износ од 13,698,998 милиони денари.

Како што истакна Лукаревска, од направената анализа е утврдено дека 120 даночни обврзници кои добиле финансиска поддршка не исплатиле плата за своите вработени и за месец април и за месец мај, а осум даночни обврзници исплатиле помалку плата за двата месеца.

Од оние што не исплатиле плати на работниците во април се 62 фирми од дејноста трговија, 43 фирми од дејноста подготовка на оброци и служење храна, 17 фирми од градежниот сектор. Меѓу фирмите кои не исплатиле плата на вработените во април, а добиле финансиска поддршка имало и од дејноста производство на облека, трговци на мало и големо, емитување програма, објекти за сместување и слично. Најголем дел од фирмите се од Скопје – 84, потоа Тетово – 38, Гостивар – 23, Струга – 20 и Куманово – 16.

Лукаревска потенцира дека 76 даночни обврзници, за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка и за 1.121 вработен примиле финансиска поддршка во износ од 15.111.700 милиони денари, но не извршиле исплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 172.790 денари. Овие компании се од дејностите градежништво, производство на мебел, транспорт, објекти за сместување, производство и сл., а најголем дел се од Тетово – 27, од Гостивар – 11 и од Скопје – 5.

„За месец април, 1.930 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за 26.875 лица имаат извршено задржување на средства од плата во вкупен износ од 49.340.606 милиони денари“, рече Лукаревска и најави дека податоците за овие компании ќе се достават до Министерството за труд и социјална политика за да се утврди дали задржаните средства се основани или не.

Преку оваа мерка за април, на 19.780 работодавачи е исплатено вкупно 1.793.207. 630 денари милијарди денари за вкупно 128.315. Финансиска поддршка за мај, пак, добиле 19.938 работодавачи во вкупен износ од 1.666.373.597 милијарди денари за вкупно 119.182 вработени.

Од оние кои не исплатиле плата за 984 вработени во мај се 84 фирми од дејноста трговија на мало, 66 фирми од дејноста подготовка на оброци и служење на храна, 35 фирми од транспорт, осум фирми од нискоградба, а меѓу овие се и фирми од градежниот сектор, од производство, од трговија на големо и мало, од емитување програма и слично. Според анализата, фирмите што не исплатиле плата во мај се 110 од Скопје, 61 од Тетово, 34 од Гостивар, 28 од Струга, 21 од Куманово, 15 од Битола и 10 од Струмица.

И во мај, како што рече директорката на УЈП, 34 даночни обврзници кои за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, примиле износ од 13.218.438 милиони денари за 913 вработени, меѓутоа не извршиле плаќање на износ од 102.593 денари од поднесените исправки. Станува збор за фирми од дејноста градежништво, од образование, од подготовка на оброци и служење на храна, од транспорт, од објекти за сместување, од производство и сл.. Пет од нив се лоцирани во Скопје, три во Тетово и по една во другите градови.

„За месец мај, 1.816 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за 25.590 лица, имаат извршено задржување на средства од плата во вкупен износ од 40.069.247 милиони денари. Податоците за овие компании, како и за месец април, ќе се достават до Министерството за труд и социјална политика за да може да се утврди дали задржаните средства од плата се основани или не“, посочи директорката.

Таа додаде дека на работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени им се опомени за неисплатена плата и доколку не извршат исплата во определениот рок, ќе следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Дополнително, додаде, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок, а работодавачот ќе биде задолжен да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата, во спроведена постапка на УЈП во соработка со Државниот инспекторат за труд.

„Управата за јавни приходи, располага со детални податоци за искористеноста на финансиската поддршка и будно ја следи состојбата на искористеност на мерките, но и почитување на обврските од законот. Податоците за компаниите кои примиле финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на платата ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата како носител на мерката и исплатувач на финансиската поддршка од каде истите ќе може да бидат и јавно објавени“, рече Лукаревска.

Апелираше до сите работодавачи да ги користат правата од Уредбата за финансиска поддршка, но и да ги почитуваат обврските утврдени во оваа уредба, Законот за придонеси од задолжително осигурување и Законот за работни односи.

„Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени“, истакна Лукаревска.

Таа појасни дека рокот за исплата е поминат, но, сепак, ова законско право треба да го остварат работниците. Управата за јавни приходи дополнително ќе соопшти податоци од анализата за спроведување на мерката за јуни, месец за кој е дадена финансиска поддршка на 17.905 компании во износ од 1.404.470.647 милијарди денари за вкупно 101.148 вработени.

држава Задршка Македонија мерка работници Работодавачи Сања Лукаревска УЈП финансиска помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.