Во акциска контрола на МВР на територијата на државава денеска се казнети 256 граѓани поради брзо возење.

Како што информираат од МВР, вкупно 256 возачи се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 115 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.