ЕХФ ригорозна: Грција исфрлена од ЕП до 17 години во Македонија

Диквалификацијата за кадетската селекција на јужниот сосед е изречена по одлуката на нејзиното раководство за повлекување на тимот по 32 секунди во натпреварот со „црвено-жолтите“. Причина беше натписот „Macedonia“ испечатен на грбот на маичките на стручниот штаб. Мечот е регистриран со службен резултат 0:10 за „црвено-жолтите“, а грчката федерација е санкционирана со 25.000 евра