Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕХФ ригорозна: Грција исфрлена од ЕП до 17 години во Македонија

0
By Нова ТВ on August 2, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2017 12:49

Европското првенство за ракометарки до 17 години чиј домаќин е Македонија продолжува без Грција. Континенталната ракометна федерација (ЕХФ) ја казни кадетската селекција на јужниот сосед со дисквалификација од турнирот по одлуката на нејзиното раководство за повлекување на тимот по 32 секунди во натпреварот со „црвено-жолтите“. Причина беше натписот „Macedonia“ испечатен на грбот на маичките на стручниот штаб.

Покрај исфрлување на репрезентацијата од ЕП и службениот пораз со 0:10, грчката федерација ќе плати и 25.000 евра казна, но можеби ќе мора да поднесе и дополнителни финансиски трошоци во врска со случајот.

Принтскин: eurohandball.com

Грција воопшто не сакаше да го започне дуелот со Македонија и се повлече во соблекувална во времето предвидено за загревање. На тоа следуваше реакција од претставници на ЕХФ и на Ракометната федерација на Македонја (РФМ) кои презедоа улога на медијатори во обид да ги вратат гостите на терен и натпреварот да се одигра. Убедувањето даде резултат, но за кратко. Мечот почна и по половина минута дојде до ново повлекување од грчка страна, а по задолжителното 15 минутно чекање, судиите означија крај на средбата.

Чести се заложбите за спорт без политика или политиката надвор од спортот, како сакате. Овојпат ЕХФ цврсто се држеше до тоа и со својата конечна одлука стави до знаење за што се спортските терени на кои не им е место за прашања што задираат друга сфера и немаат допирна точка со спортот.

Грција Дисквалификација ЕП ЕХФ казна Македонија Ракомет (У17)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 11, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

ВЕСТИ June 11, 2026

Мексико и Јужна Африка вечерва во 21.00 часот по средно европско време го отвораат 23тото…

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.