(ВИДЕО) Скандали: Од допингот на Шарапова до педофилија во Англија

Спортот во 2016 година донесе големи резултатски достигнувања, се уриваа европски и светски рекорди, се поместува граници на човечките можности. Но, на површина излегоа и големи афери што фрлија голема дамка врз личности, нации, дисциплини

Бах побара суспензии за сите вмешани во системски допинг манипулации

Извештајот на професор Ричард Мекларен за првиот човек на ИОК е „фундаментален напад на интегритетот на спортот“. Во документот се вперува прст кон повеќе од 1.000 руски спортисти кои, наводно, користеле недозволени средства во период од четири години почнувајќи од 2011