Победи и порази, подеми и падови, радост и тага. Спортот во 2016 година донесе големи резултатски достигнувања, се уриваа европски и светски рекорди, се поместува границите на човечките можности. Меѓутоа, паралелно со сето тоа, на површина излегоа и големи скандали што фрлија голема дамка врз личности, нации, дисциплини. Поединци го свртеа вниманието на себе во негативна конотација, поединци, пак, мамеа со користење на недозволени средства во намерата за што подобри ефекти и освојување на медали од големите меѓународни настани.

Марија Шарапова (тенис)

Првиот голем потрес на глобалната спортска сцена се случи по Австралија опен на почетокот на годината. Марија Шарапова најави дека има нешто да соопшти пред светот што и го стори во вид на признание. Руската тенисерка користела допинг, т.е., била позитивна на мелдониум или милдронат, сустанца што се најде на црната листа на ВАДА од 1 јануари во 2016 година што наиде на изненадување и осуда меѓу колегите и колешките, а дел од спонзорите ги ставија под мраз договорите. Се правдаше дека таа и нејзиниот тим не знаеле за измените на Светската анти-допинг агенција и првично доби двегодишна суспензија. Шарапова ја обжали таквата одлука пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана, па казната во меѓувреме беше намалена за осум месеци. Нејзино враќање на тениските терени се очекува кон крајот на април оваа година.

Извештајот на Ричард Мекларен за руски допинг

Во пресрет на летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро светот слушна за нов скандал. Независниот експерт Ричард Мекларен и специјален истражувач на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) објави извештај во два дела во кој се тврди дека Русија знаела и учествува во системска допинг програма. Следуваше барање за суспензија на комплетниот руски тим од Игрите во Бразил. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) одби такво нешто и топката ја префрли кај федерациите кои имаа дискреционо право при носење на конечната одлука. Најлошо минаа атлетичарите од Русија и најголем дел од пливачите на кои им беше забрането учество во Рио.

https://www.youtube.com/watch?v=LzbW0EwTUbA

Руските хакери „Fancy bears“ ја пробија ВАДА и открија „дозволен допинг“

Русите набрзо го возвратија ударот за извалканата чест и нарушениот углед и имиџ. Хакерска група популарно насловена како „Fancy bears“ ја проби ВАДА и дојде до документи што покажуваат на кои спортисти и колку пат им било дозволено да користат недозволени средства. Во прв ред беа објавени имиња на светски познати спортисти како сестрите Вилијамс и Рафаел Надал, британските велосипедисти Бредли Вигинс и Крис Фрум. Меѓу посочените се 11 освојувачи на медали во Рио. Сите, наводно, користеле недозволени средства во медицински цели, а документите се класифицирани како тајни. Според некои извори „Fancy bears“ поседуваат податоци за вкупно 29 спортисти.

Тајсон Фјури (бокс)

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија честопати знаеше да се истакнува со скандалозни изјави во јавност. Најчесто го навредуваше своите ривали, но имаше и такви што беа насочени на малцински групи на луѓе. Кулминација се случи кога беше фатен при користење на кокаин по што мораше да ги врати шампионските појаси во ВБО и ВБА верзиите.

https://www.youtube.com/watch?v=-hxtjFWZvQw

Ник Кирјос (тенис)

Темпераментниот австралиски тенисер во неколку наврати со скандалозни однесувања во текот на 2016 година. Познат е како човек што не робува на стереотипи, па еден ден реши дека не му се игра. На турнирот во Шангај излезе на терен и наместо борба со Миша Зверев, тој речиси да го предаде мечот. По настапот дури одби да се извини на гледачите кои купија влезници со образложение дека е негов избор и има право на тоа.

Рајан Лохти и американските пливачи во Рио лажираа грабеж

Првокласен скандал во Рио де Жанеиро предизвика пливачкиот шампион Рајан Лохти и неколку негови колеги од репрезентацијата на САД. Најпрво пријавија дека биле ограбени на бензинска станица ппод закана со огнено оружје, но сигурносните камери во и околу објектот подоцна покажаа впрочем тие се причинители на инцидент и непристојно однесување. Притоа скршиле една од вратите во станицата и уринирале на јавно место, а по расветлување на случајот дел од ннив беа спречени да се вратат во САД додека не платат отштета.

Јаја Туре (фудбалер)

Фудбалерот на Манчестер сити, Јаја Туре беше фатен како управува со автомобил во алкохолизирана состојба. Случајот доби и судски епилог пришто репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се правдаше дека е голем верник и дека не консумира жестоки пијалоци. Наивно рече дека некој му подметнал пијалок и дека мислел дека пие кока-кола. Неговата верзија, секако, не мина, па остана без возачка дозвола на 18 месеци и мораше да плати парична казна од 68.000 фунти.

Педофилија во англискиот фудбал

Годината заврши со скандалозни пријави за педофилија во англискиот фудбал. Неколку поранешни играчи ја отворија душата и јавно проговорија за сексуално злоставување на деца и момчиња што тренирале низ клубовите во Велика Британија во последните години, па и децении. Мразот со проби Енди Вудворд чиј исказ потоа делувашше охрабрувачки за многу други лица да споделат исти или случни искуства од почетоците на нивните кариери. Отворена е телефонска линија за пријавување на педофилија во фудбалот што за брзо време, според пишувањата во британскките медиуми, ја искористија стотици лица.

https://www.youtube.com/watch?v=zfQBlh2jOug